Градината наречена „Четири годишни времиња“ е најубавата градина што може да се види во Велика Британија. Се наоѓа во индустриското срце на Англија, познато како Црна Земја поради изобилството на испарувања од фабричките оџаци и дефинитивно е најубавото место во тој дел од земјата.
Градината собрала бројни признанија, а ја направиле Тони Њутн (74) и неговата сопруга Мери (76). На уредувањето на оваа прекрасна градина посветиле 43. години, а вложиле околу 18.000 евра.
Нивната градина вклучува повеќе од 3.000 растенија и цвеќиња, а нивните прекрасни цветови може да се видат во текот на целата година, па оттука и името „Четири годишни времиња“.
Сè започнало во 1982 година кога г-ѓа Њутн се повлекла од својата работа како контролор на сообраќај. Во пензија, таа одлучила да го направи градинарството нејзино хоби и почнала да се посветува на тоа. Неколку години подоцна, г-дин Њутн, кој работел како општ лекар, исто така се пензионирал. Оттогаш, тие го посветиле своето време за изградба на овој градинарски рај.
„Обично само косев и го средував тревникот. Морав да бидам на дофат на сите, да го слушам телефонот кога ѕвони, а за пет години имавме четири деца, па бевме многу зафатени. Подоцна тоа стана место каде децата си играа и се забавуваа”, рекла Мери.
Далечната 1992 година, почнале да ја развиваат градината, внимавајќи да биде безбедна за децата. Работеле без никаква помош, а првото нешто што го направиле биле патеките. Дури во 2000 година изградиле фонтана, а подоцна уште една. Тие биле толку посветени на својата работа што работеле дури и кога паѓала ноќта, со лампи.
До денес нивната градина има освоено бројни награди, а прогласена е и за најубава во Британија. Како што растел интересот, семејството ја отворала за посетители еднаш годишно, а парите што ги собирале ги давале во хуманитарни цели.