Насловна / Архитектура / Четири годишни времиња истовремено во само една градина

Четири годишни времиња истовремено во само една градина

Milano gradina 4 godisni vreminja

Италијанскиот архитект Carlo Ratti ги откри своите планови за покриената градина во Милано, во која ќе користи модерни технологии за контрола на климатските услови, се со цел на посетителите да искусат пролет, лето, есен и зима во било кое време од годината.

Milano paviljon 4 godisni vreminja1

Компанијата Carlo Ratti Associati е автор на проектот  „Garden of the Four Seasons“ со цел на граѓаните, пред се на најмладите да им пружи поглед на природните циклуси. Секое од годишните времиња ќе биде претставено во по еден од четирите павилјони во градината со површина од 2.500 метри квадратни.

MIlano paviljon 4 godisni vreminja

Проектот е нарачан од компанија инвеститор во недвижности Citylife. Паркот, односно градината ќе биде лоцирана во северозападниот дел на Милано, и претставува дел од мастерпланот  проектиран од страна на Zaha Hadid, Daniel Liebeskind и Arata Isozaki.

Milano paviljon 4 godisni vreminja sema

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top