Кралскиот институт на архитекти на Велика Британија (RIBA) објави листа која содржи финални четири проекти кои ќе се борат за наградата „2018 RIBA International Prize“. Наградата која е отворена за сите квалификувани архитекти на свет, настојува да ја именува „најинспиративната и најзначајната“ зграда на светот. Критериумите кои се земени во предвид при изборот вклучуваат и „демонстрација на извонредност на проектот, архитектонски амбиции и постигнување на значајно социјално влијание”.
Оваа година од листата со 20 градби од 16 земји избрани се четири проекти кои влегоа во финале. Победникот ќе биде прогласен на 29. ноември, а одлуката ќе ја донесе жири, меѓу кои ќе бидат Elizabeth Diller од Diller Scofidio + Renfro, Joshua Bolchover од Rural Urban Framework, Gloria Cabral од Gabinete de Arquitectura, Peter Clegg од Feilden Clegg Bradley Studios и Kazuyo Sejima од SANAA.
Иако овие четири згради се наоѓаат во различни временски зони и на различни континенти, делат заеднички квалитети кои го красат секое архитектонско дело, со особена напомена на нивниот однос кон локалното опкружување и потребите на луѓето кои ги користат, изјави Ben Derbyshire, директорот на RIBA.
Четирите проекта кои се во трка за наградата „2018 RIBA International Prize“
Central European University (faza 1) / O’Donnell + Tuomey
Архитектите добитниcи на RIBA златниот медал „ја преслекле“ оваа зграда во ново руво. Се наоѓа во срцето на Будимпешта во Унгарија.„ Сходно на единствениот градски амбиент, новиот изглед на објектот вешто поврзува неколку историски згради и дворови“.
Повеќе за ова погледнете овде.
Children Village / Aleph Zero + Rosenbaum
Овој интернат се наоѓа на работ на Амазон во Бразил. Архитектите при проектирањето „ги експлоатирале богатите природни ресурси околу локацијата на иновативен начин како би ги промовирале економската и еколошката одржливост“.
Повеќе за ова погледнете овде.
Toho Gakuen School of Music / Nikken Sekkei
Музичка школа сместена во Токио е виртуозно архитектонско дело „со независни наставни простории, заеднички канцелариски простории и многу природно светло, благодарение на изложеноста на екстериерот“.
Il Bosco Verticale (Вертикална шума) / Boeri Studio
Ова е втората од двете одржливи кули во Милано. „Целта на овој проект помеѓу другото е да се унапреди биодиверзитетот на флората и фауната во градот, додека би создавал сопствена микроклима за филтрирање на ситни честички и подобрување на квалитетот на воздухот“.