Насловна / Вести / Честичките ПМ-10 го прават коронавирусот посмртоносен

Честичките ПМ-10 го прават коронавирусот посмртоносен

Дури и кај пациенти без сериозни болести, Ковид-19 може да предизвика смрт. Една од причините за ова, според научниците, може да биде загадувањето на воздухот со ситни честички прашина.

Истражувањата досега покажаа дека загадувањето на воздухот со честички од ситна прашина, која се создава при испуштањето издувни гасови, влијае врз должината на животот на луѓето. Сега, новата студија, изработена од германски и кипарски научници, доаѓа до заклучок дека емисиите на издувни гасови влијаат и врз стапката на смртност од коронавирус.

KIR_0316_resize

КОВИД + АЕРОЗАГАДУВАЊЕ = 15 ОТСТО СМРТНИ СЛУЧАИ

Најновите истражувања, објавени во весникот „Cardiovascular Research“, ја потврдуваат оваа теза. Постои јасна корелација меѓу високото ниво на честички и зголемениот ризик од смрт од Ковид-19.

Истражувачите пресметаа дека во просек 15 отсто од глобалните смртни случаи предизвикани од коронавирусот може да се припишат на луѓето кои подолго време дишеле загаден воздух. Оваа бројка многу се разликува од регион до регион: во Европа, како што се проценува, тоа е 19 отсто, во источна Азија 27, во Северна Америка 17, во Бразил 12 и во Нов Зеланд само еден отсто.

Неколку месеци по избувнување на пандемијата од германскиот Универзитет Мартин Лутер од Хале Витенберг излегоа со податоци од истражување дека високозагаден воздух може значително да придонесе кон предизвикување смртни случаи кај пациенти заболени од Ковид-19, бидејќи и вирусот и аерозагадувањето главно го напаѓаат човековиот респираторен систем. Истражувачите наведуваат дека долгорочната изложеност на загаден воздух може да биде еден од најзначајните фактори за смртност предизвикана од Ковид-19, во регионите во светот каде има високо аерозагадување.

env-net-logo_resize

И истражувачите од Универзитетот Емори во САД, на 21 септември објавија дека долгорочната изложеност на урбано аерозагадување може да го направи Ковид-19 посмртоносен.

Тие посочуваат дека тоа е така бидејќи долгорочната, но и краткорочната изложеност на аерозагадување е поврзана со директно и индиректно системско влијание врз човековото тело со зголемување на оксидативниот стрес, акутно воспаление и ризик од респираторна инфекција. Од суштинско значење е оваа порака да стигне до здравствените власти за да ги заштитат ранливите категории граѓани, неведуваат истражувачите.

DSC07042_resize

Ситните честички прашина се јадро на јаглерод на чија површина се таложат штетни материи како алуминиум, олово, нитрат или сулфат. Лебдат во воздухот во кој стигнуваат, на пример, од индустриските оџаци. Некогаш ги нарекуваат со зборот чад, а некогаш велат дека се најситни честички песок. Доаѓаат од гуми, пластика или од прашина од градилишта. Земјоделството значително придонесува за загадување на атмосферата со ситни честички прашина и тоа со емисии на амонијак, со ѓубрење или со палење отпад.

Азотните оксиди, кои често се ослободуваат во атмосферата со работата на дизел- моторите, го зголемуваат штетното дејство на ситните честички прашина. Научниците разликуваат различни големини на честичките. Некои се со големина од 10 микрометри, некои само неколку нанометри. Особено опасни се т.н. ултрафини честички прашина со размер помал од 0,1 микрометри или 100 нанометри. Тоа е приближно големината на вирусот. ЕУ не постави ниту една гранична вредност за овие ситни, најопасни честички. Но, ЕУ и другите држави не се придржуваат ни на останатите гранични вредности кои ги одреди Светската здравствена организација (СЗО).

И научници од Германија и Кипар објавија студија за можните здравствени ризици поврзани со коронавирусот и со емисиите на издувни гасови, во кои се вели дека околу 15 отсто од смртните случаи од Ковид-19 би можеле да се должат на загадувањето на воздухот.

Истражувањата досега покажаа дека загадувањето на воздухот со честички од ситна прашина, која се создава при испуштањето издувни гасови, влијае врз должината на животот на луѓето. Сега, новата студија, изработена од германски и кипарски научници, доаѓа до заклучок дека емисиите на издувни гасови влијаат и врз стапката на смртност од коронавирус.

maski1_resize

КАДЕ Е МАКЕДОНИЈА?

Скопје, речиси и да нема ден да не се најде на листата на најзагадени градови во Европа. Мерните станици во Скопје, но и во останатите градови постојано покажуваат високи концентрации на ПМ 2,5 и ПМ 10, но и на други штетни честички.

Освен со високото загадување, Скопје е на прво место во државата и со бројот на заболени од коронавирусот. Пулмолозите предупредуваат дека аерозагадувањето не само што само по себе претставува голема опасност, туку и дополнително го олеснува патот на вирусите до белите дробови.

Дека и оваа 2020 година со загадениот воздух ќе биде опасна за живеење во зимските месеци говори фактот дека зимата допрва доаѓа, а грејната сезона не е почната многу одамна. Од организацијата ЕНВ-НЕТ имаат направено истражување во кое дошле до податоци дека од дозволениот број денови за надминување на среднодневната гранична вредност (50 µg/m3) на годишно ниво кое изнесува 35, досега тој е веќе надминат за 62,35 отсто или во просек граѓаните на Северна Македонија досега 57 дена дишеле воздух загаден над граничната вредност од 50 µg/m3.

skopje1_resize

Соња Дамчевска од ЕНВ-НЕТ вели дека според Светската здравствена организација, 17 отсто од смртните случаи во Северна Македонија се припишуваат на загадувањето и  на состојбите во животната средина. „Преведено во бројки за 2019 тоа значи дека од вкупно 20.446 починати 17 отсто или 3.476 може да се поврзат со загадување на воздухот, почвата и водата со хемикалии  или биолошки  агенси, додека останатите 83 отсто се поврзуваат со други причини како што се изградената околина и бучавата“, вели Дамчевска. Оваа опасна година, додава Дамчевска, ја надополнува и пандемијата со која речиси една година живееме, а постојат рани докази кои сугерираат дека долгорочното изложување на загаден воздух може да ја зголеми подложноста на зараза со Ковид-19.

maski2_resize

МЖСПП СО НОВИ ИДЕИ И НАМЕРИ

Македонските власти секоја година најавуваат мерки за справување со загадувањето, но кога ќе дојдат зимските месеци Скопје, Тетово, Битола, па и останатите градови повторно се гушат од „празните“ ветувања. Секоја година се воведуваат нови мерки, како што се субвенционирање за клима-уреди, за велосипеди, за чистење оџаци, но сето тоа како да е залудно. Граѓаните секојдневно на социјалните мрежи пуштаат фотографии од фабрички оџаци од кои излегува црн џад или, пак, од стари автомобили кои едвај се забележуваат од црниот смог што го испуштаат од нивните ауспуси.

За проблемот со загадувањето на воздухот од Министерството за животна средина и просторно планирање, оваа зима, имаат нови идеи и намери како да се справат.

Имено, според објавите на фејсбук-страницата на МЖСПП на седница на Владата усвоени се предлозите и изменувањата на осум закони од областа животна средина, а еден од нив е и Законот за квалитет на амбиентен воздух. Според МЖСПП во Законот за квалитетот на амбиентниот воздух се врши транспозиција на ЕУ-директивата за воздух при што се предвидени попрецизни обврски за локалната самоуправа за изработка на планови за управување со воздух, со конкретни и задолжителни мерки што треба да се преземат при зголемени концентрации на загадувачки материи: регулација на транспорт, индустрија, работно време, ослободување на ранливи групи и слично.

maski_resize

„Ова произлегува од фактот, дека особено во зимскиот период имаме во повеќе наврати надминување на среднодневните гранични вредности на концентрација на ПМ 10 и ПМ 2,5 суспендирани честички во градовите низ целата држава и има потреба од спроведување краткорочни и среднорочни мерки за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот. Постоечкиот начин на подготовка на плановите за квалитет на воздух на ниво на зона/агломерација се покажа како тешко применлив, и поради тоа со измените и дополнувањата на законот се појаснуваат надлежностите и процедурите за изготвување и усвојување планови за квалитет на воздухот и на краткорочните акциски планови“, се наведува во соопштението од Министерството. Воедно, се додава, се утврдуваат критериумите за тоа кои единици на локалната самоуправа се должни да подготвуваат и спроведуваат вакви планови. Исто така, измените и дополнувањата на законот ја дефинираат и надлежноста на одредени органи на државната управа со цел да се олесни спроведувањето на одредени краткорочни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот при надминување на прагот на алармирање. Дополнително, се даваат овластувања на други државни инспекторати за вршење надзор во спроведување на краткорочните мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Во случаите кога нема да постапат единиците на локалната самоуправа, се предвидува можност за преземање на задолжителните мерки од страна на Владата на Република Северна Македонија, се додава во соопштението од МЖСПП.

skopje_resize

ШИЛЕГОВ НУДИ ТРИ КОМПОНЕНТИ

И скопскиот градоначалник Петре Шилегов е загрижен за високото загадување и во екот на високите бројки најави три предлози за намалување на концентрациите на штетни честички во воздухот. Првата е зачестен инспекциски надзор на индустриските капацитети, потоа стимулација на граѓаните да го користат јавниот превоз наместо автомобилите, и организирано затоплување на домовите.

Тој посочува дека Инспекторатот на Град Скопје секоја вечер врши сериозен мониторинг со цел одделни индустриски капацитети да не ја злоупотребат малата видливост поради маглата, и да испуштаат недозволени гасови. Тој појаснува декаработат на решавање на проблемот од корен. За втората компонента, решавање на јавниот транспорт, со што ќе се дестимулираат граѓаните да го користат автомобилскиот сообраќај, Шилегов вели дека ќе се спроведе на самиот крај, некаде после Нова година, и треба да се имплементира до крајот на 2021 година.

IMG_20201111_171538_resize

Третата компонента е организирано затоплување на домовите, каде ќе бидат понудени социјални пакети, за и овие граѓани да бидат дел од централното греење, со што ќе се намали емисијата на штетните гасови од затоплувањето на домовите.

„Третата компонента е организираното затоплување на домовите. Тука имавме сериозна интервенција оваа сезона со чистење на оџаците. Но, тоа не е доволно. Суштинско е конечно Регулаторната комисија да го реши проблемот којшто го имаме  со цел трите енергетски мрежи да ги добиеме и да можеме на граѓаните на организиран начин да им понудиме и социјални пакети за да бидат дел од централното греење со што ќе се намали емисијата на штетните гасови од затоплувањето на домовите“, појаснува градоначалникот Шилегов.

Испрати коментар

Scroll To Top