Насловна / Вести / Чешките региони на јаглен се свртуваат кон водородот

Чешките региони на јаглен се свртуваат кон водородот

До целосниот преки на користењето на јагленот, остануваат цели 10 години, но властите во три региони во Чешка чии економии се забираат на тој енергент, веќе заочнале иницијатива за работа на пилот проекти за воведување на водород и воспоставување на т.н „долини на вододрод“. Имаат амбиција тие места да ги направат важни на паневропско ниво.

czech1

Трите региони со меморандум се обврзале на соработка во трансформацијата на економијата. Чешка ја определи 2023 година, како краен рок за напуштање на јагленот, но сите рудници во Моравскошлескиот крај наскоро ќе бидат затворени. Концепцијата на “долините на водород“  подразбира воспоставување на цел вредносен синџир – од производство преку складирање и дистрибуција до користење на водородот. Државната помош е на располагање за зелениот водород, кој се добива со електролиза со користење на електрична енергија од обновливи извори.

czech2

Меѓу пилот – проектите, се разработува еден проект за мобилност на водород, кој освен автобуси на водород, предвидува и железнички композиции кои ќе сообраќаат на водороден погон. Во јуни минатата година во соработка со Техничкиот универзитет во острава и компанијата Cylinders Holding, формиран е водороден кластер. Во иницијативата учествуваат десетина институции, компании и локални самоуправи. Овие искуства би можеле да бидат корисни за донесувачите на одлуки и за жителите на регионите зависни од јаглен во Западен Балкан и во остатокот од југоисточна Европа.

 

Испрати коментар

Scroll To Top