Насловна / Вести / Чешка сака да обезбеди поголема енергетска независност со помош на нуклеарни електрани

Чешка сака да обезбеди поголема енергетска независност со помош на нуклеарни електрани

„Би требало да бидеме енергетски независни, со истовремен фокус на отфрлањето на јагленот и следење на целите на Европската унија поврзани со јаглеродната неутралност“, истакнал неодамна чешкиот министер за индустрија, трговија и сообраќај Карел Хавличек. Неговата земја како точка на спојување на овие две спротивности ја посочува нуклеарната енергија, односно продолжувањето на проектот за изградба на нова нуклеарка во Дуковани. Овој проект го води енергетската компанија „ЧЕЗ“. Постоечката нуклеарна централа во истото место со моќност од 510 MW е изградена во средината на осумдесетите години од минатиот век.

Експлоатациониот век на постројките за нуклеарна енергија во оваа средноевропска земја истекува во периодот од 2035 до 2037 година, па властите сакаат навреме да ги заменат постоечките капацитети со нови. Чесите се надеваат дека нуклеарната енергија ќе се покаже како решение кое покрај нултата емисија на штетни гасови, ќе обезбеди стабилност и економска исплатливост. Според податоците на Меѓународната агенција за енергетика, Чешка добива повеќе од половината од произведената електрична енергија од јаглен  (51%), додека вкупно шесте нуклеарни реактори учествуваат со 34,5%. Официјална Прага најавува дека своите планови на полето на нуклеарната енергетика ќе ги „турка“ без оглед на ставот на  Европската Унија. Двете соседни земји, Германија и Австрија се противат на понатамошно интензивно користење на нуклеарната енергија.

dikovany1

dukovany2

Испрати коментар

Scroll To Top