Насловна / Вести / Чешка распиша тендер за нов нуклеарен реактор – за Русите забрането

Чешка распиша тендер за нов нуклеарен реактор – за Русите забрането

Чешка распиша тендер за изградба на нов реактор во нуклеарната електрана Dukovany со цел да го зголеми производството на енергија од нуклеарките. Безбедносната проверка ја минале три компании: американски Westinghouse, францускиот EDF и корејската KHNP, па се очекува нивно натпреварување за овој вносен проект. Вредноста на проектот се проценува на 6 милијарди евра, и тоа е најголемата поединечна инвестиција во Чешка. Новиот реактор ќе биде петти по ред во нуклеарната електрана Dukovany, и би требало да почне со работа до 2036 година. Четирите постоечки се изградени во доцните 80-ти години од минатиот век.

dukovany1

Од безбедносни причини, на овој тендер не им е допуштено учество на руските и кинеските компании, вклучувајќи го тука рускиот гигант за нуклеарни технологии „Росатом“. Чешкиот премиер истакнал дека руско учество во овој проект е незамисливо после инвазијата на Украина. Чешка има две нууклеарни електрани со вкупно 6 реактори. Освен споменатите во Dukovany, има уште два реактори во нуклеарната централа Temelin.

dukovany2

 

Испрати коментар

Scroll To Top