Едно од најголемите лежишта на литиум во Европа се наоѓа во чешките планини, во местото Циновец, а се проценува на околу 330.000 t, тврди чешката компанија Geomet. Порано немаше интерес за производство на литиум поради ниската концентрација од само 0,2%, но сега е проценето дека поради планираниот раст на производство на електрични возила ова производство во Чешка сепак би можело да биде исплатливо.
Притоа, предноста на Чешка е и во фактот што во непосредна близина се наоѓаат и фабриките на автомобилските гиганти. Покрај тоа, литиумот се користи за сите современи високи технологии.
Сопственикот на Geomet, австралиската рударска корпорација European Metals, смета дека само конечната цена на литиумот влијае врз одлуката за почеток на комерцијалната експлоатација.
Имено, најевтин литиум се добива од Аргентина, Боливија и Чиле, каде што може да се добие за помалку од 2000 USD/t, додека Geomet тврди дека литиумот може да се произведува и со помали трошоци, бидејќи има посебна технологија. Доколку се совпаднат одредени пазарни и други услови, експлоатацијата на литиум во овој чешки рудник може да започне во 2022 година.