Насловна / Вести / Чешка: Продажба на бункери од Втората светска војна

Чешка: Продажба на бункери од Втората светска војна

Кон крајот на 30-тите години од минатиот век, тогашна Чехословачка изградила масивна мрежа на утврдувања долж границата со тогашната германска држава. Сепак, со т.н Минхенски договор на 29 септември 1938 година сите овие погранични области „паѓааат“ под чизмата на Третиот рајх, а веќе до 15 март следната година целата земја е окупирана. Парадоксално, овие утврдувања во пролетта 1945 година, биле користени од нацистичката војска за одбрана од Советите. Уште од 2000 година Чешка се обидува да најде некое решение за овие објекти – вкупно 4993. Голем дел од нив веќе биле предмет на продажба, а продажните цени се движат од 1000 евра до неколку десетина илјади евра. Продажбата се врши по пат на јавни аукции. Некои од објектите се веќе реновирани и претворени во музеи, и за нив има голем интерес како туристички атракции. Најпосетен објект е артилериската тврдина Хурка, во подножјето на Судетските планини, во близина на границата со Полска. Некои од објектите, како на пример артилериското утврдување Боуда, се културни споменици на Чешката Република.

chech1

czech2

czech3

Испрати коментар

Scroll To Top