Во очи на 3о-годишнината од катастрофата во чернобилската нуклеарка, довршена е изградбата на новиот саркофаг кој би требало да го запре зрачењето за следните стотина години. Саркофагот под името NSC (New Safe Confinement) тежи 30.000 тони и во моментот е најголемата мобилна градба на светот.
Саркофагот се работи уште од 2010 година, и ќе биде поставен над кобниот четврти реактор на нуклеарката. Постоечкиот саркофаг е доста оштетен, а NSC ќе овозможи остатоците од реакторот безбедно да бидат демонтирани.
„Веќе поминавме низ цела низа различни фази“, вели во својата изјава за Ројтерс г-ѓа Новак, директор за нуклеарна безбедност во ЕБОР (Европската банка за обнова и развој). Токму ЕБОР управуваше со финансирањето на овој проект во вредност од 1,5 милијарди евра. Во финансирањето учествуваа вкупно 40 држави.
Но, и откако NSC ќе го покрие реакторот, околното подрачје со површина еднаква на Луксембург и натаму ќе остане ненаселено, а влезот во таа зона ќе биде строго ограничен, исто како и во минатите 30 години.