Насловна / Вести / Чекор во иднината: Саем за техника и технолошки достигнувања во Белград

Чекор во иднината: Саем за техника и технолошки достигнувања во Белград

Меѓународниот саем за техниката и техничките достигнувања, една од најголемите и најугледни манифестации на Белградскиот саем, оваа година се одржува во периодот од 21ви до 25ти мај.

Под веќе традиционалниот назив „Чекор во иднината“ (Korak u budućnost), околу 600 излагачи од триесетина држави ќе ги претстават најважните техничко-технолошки трендови, првенствено во секторот на најновите индустриски технологии, паметни фабрики, роботика, процесна техника и информациско-комуникацики технологии.

Во однос на претходната година, новост е експанзивниот настап на излагачи од областа на производство на опрема за пречистување на отпадни води, како и производители на машини и опрема за амбалажа и индустриско пакување. Групата излагачи од областа на 3D технологиите, секако се очекува да предизвика особен интерес.

sajam 2

Еден од куриозитетите на овогодишниот Саем на техниката е што се случува на 80 годишнината од белградскиот Есенски саем од 1938 година, кога компанијата „Филипс“ го претставила првиот историски систем на ТВ пренос на Балканот, тогаш „најголемо чудо на техниката“. Нешто повеќе од 20 години подоцна, на 23ти август 1958 година, Радио Телевизија Београд од студиото на Белградскиот саем започнува да ја емитува својата ТВ програма. Имено, во тогашниот дневник од 20 часот, во живо е пренесувано отворањето на вториот Саем на техниката.  Така, историјата на телевизијата на овие простори, „судбински“ е поврзана со историјата на Саемот на техниката.

sajam 3

 

Испрати коментар

Scroll To Top