Насловна / Вести / Checkpoint Charlie, Берлин: Мрачна атракција од Студената војна која ги подели пријателите, семејствата и нацијата

Checkpoint Charlie, Берлин: Мрачна атракција од Студената војна која ги подели пријателите, семејствата и нацијата

Зад ова име се крие една од најтажните епизоди во модерната европска историја. Checkpoint Charlie бил еден од најпознатите гранични премини помеѓу источен и западен Берлин во времето на Студената војна. Името потекнува од абецедата на NATO, за означување на третиот премин после т.н. Alpha и Bravo. Многумина во периодот од 1945 до 1990 година се обиделе да побегнат на другата страна, па овој граничен премин го обележала една тажна епизода кога при еден таков обид е убиен Peter Fechter. Во 1961 година, овде „очи во очи“ се сретнале советските и американските тенкови. Иако службено е „пензиониран“ во јули 1990 година, денес е туристичка атракција во Сојузничкиот музеј во берлинската населба Dahlem. На аголот на Friedrichstrasse и Zimmerstrasse сеуште стои потсетник на поранешниот граничен премин, во облик на своевидна галерија на отворено. Куќичката од овој граничен премин се прослави и во филмски води, во филмовите за Џејмс Бонд.

charlie1

charlie2

charlie3

charlie4

Испрати коментар

Scroll To Top