Роберт Плант од славната група „Лед Цепелин“, доби часовник со кој му се оддава почит и се покажува почит кон една од најголемите рок групи на сите времиња.
Самата метафора на часовник претставува најточна слика за опишување на нечија бесмртност, кога зборуваме за сите работи поврзани со рокенролот.
Делото на Arty Ai Kerbedanz Arty, овој „Лед Цепелин“ часовник е направен како потсетник за сите големи достигнувања на еден од најголемите рок бендови на сите времиња.
Така, часовникот содржи еден вистински „цепелин“ кој е дизајниран како декор на часовникот, на неговиот преден дел, од материјал кој е сличен на мешавина на бронза и злато. Дизајните, како што се стрелките на часовникот, се издвоени од севкупниот концепт и креираат илузија на слоевитост.
Неколку извадоци во форма на дизајнот steampunk може да се најде во „длабочината“ на часовникот, чиешто куќиште е направено од неʼрѓосувачки челик и има дијаметар од 42 мм.
Темата инспирирана од познатиот бенд не завршува тука. Кожниот ремен, во комбинација со комплицираното „лице“ на часовникот нè враќа назад во времето кога овој бенд бил најпопуларен.
Часовникот го покренува луксузен и квалитетен швајцарски автоматски механизам, а има и резерва на енергија од 46 часа.
Овој часовник има три сказалки, кои им овозможуваат, и покрај комплицираниот дизајн и форма, многу лесно да се види точното време.
Внатре во часовникот, постојат три помали симболи, кои се инспирирани од обвивките на албумите на овој бенд.
Цената на овој часовник е 17.200 долари.