Насловна / Арт и дизајн / Часовник дизајниран од Тадао Андо за Bvlgari (видео)

Часовник дизајниран од Тадао Андо за Bvlgari (видео)

Славниот архитект, Тадао Андо соработувал со италијанскиот бренд Bvlgari за заеднички да креираат Octo Finissimo Automatic Tadao Ando Limited Edition Watch часовник, кој добил италијански стил, проткаен со геометриски мотиви.

3_resize

Директорот на секторот дизајнот на часовници на брендот Bvlgari, Fabricio Bonamasa Stigliani, посакал да соработува со добитникот на наградата Прицкер, откако во живо видел еднен од неговите објекти, приметувајќи паралела помеѓу бетонскиот дизајн и архитектонски детали на Андо и одважната геометрија на Octo моделот.

2_resize

„Бев да ја видам неговата црква на светлината. Пристапот е ист оној, кој ние го користиме за Octo: едноставен, со игра на светлина и сенки и прецизни детали. Говориме со истиот јазик на креативноста“, изјавил Stigliani.

crk_resize

Со овие заеднички карактеристики, соработката која се остварила, дополнително ги акцентирала архитектонските елементи на часовникот од титаниум, со помош на серија од хипнотизирачки спирали кои го красат куќиштето. Проѕирната задна страна на часовникот креирана од сафир го открива неговиот платинест микро-ротор, заедно со потписот на славниот архитект.

1_resize

Андо дизајнирал часовник извлекувајќи инспирација од бетонот, материјал кој „на зградите им даде единственена личност“.

Овој модел е ограничен на само 200 часовници. Часовникот со дијаметар 40 милиметри, дебелина 5.15 милиметри и отпорност на вода до длабочина 30 метри чини 16.500 долари.

Испрати коментар

Scroll To Top