Вајо Каблиновиќ од Ваљево, Србија дошол на идеја да го искористи отпадот во вид на пластични шишиња за да создаде нешто корисно. И направил чамец. За тоа му биле потребни 300 пластични шишиња и алуминиумска конструкција. Пловилото е испитано, а како изгледа пловењето можете да погледата од видеото во прилог(https://www.youtube.com/watch?v=L1Jb3S8Ul5M). Шишињата се зацврстени со челична сајла и меѓу себе и за конструкцијата. Чамецот не е можно да потоне во случај на превртување. Погоден е за риболов, бидејќи има доволно простор за опремата.
Еве ги и техничките податоци:
должина . . . . .310 cm;
широчина. . . . .90 cm;
височина на подот. . . .20 cm;
длабочина во внатрешниот дел. . . .35 cm;
вкупна маса. . . .23 kg.