Насловна / Арт и дизајн / Чајник инспириран од традиционалните бакарни садови

Чајник инспириран од традиционалните бакарни садови

„Пламен“ („Flame“) е одржлив чајник кој се загрева со помош на свеќи и се произведува од 100 отсто рециклирани материјали без никаква употреба на пластика. Дизајнот е инспириран од традиционалните бакарни садови, а во изработката на овој чајник комбинирани се бакар и нерѓосувачки челик.

4

Комбинирањето на современ стил со локални и културни елементи го става овој чајник на почесно место на секоја модерна и елегантна кујна. Топлинската спроводливост на бакарот е ефикасна, со што се намалува потрошувачката на енергија и се намалува времето потребно за да се доведе водата до вриење.

2

Во регионите на Турција, од каде и потекнува авторот Hakan Gursu на овој исклучителен дизајн на чајник, каде што се создаваат рачно ковани производи и каде културата на пиење чај е традиционална, „Flame“ е со задоволство прифатен и драгоцен производ. Овој проект, со акцент на одржливост и еко-дизајн, наградуван е со меѓународни награди за дизајн.

1 (1)

3

5

Испрати коментар

Scroll To Top