Насловна / Вести / Чадот од австралиските пожари стигна до Јужна Америка

Чадот од австралиските пожари стигна до Јужна Америка

Чадот од шумските пожари во Австралија го помина Тихиот океан и стигна до градовите во Јужна Америка, предупреди Светската метеоролошка организација.
Чадот веќе го обои во портокалово небото над Оукленд на Нов Зеланд, но и небото над одалечените градови во Јужна Америка посиве, а Светската метеоролошка организација потсетува и на извештаите за изразиото црвено зајдисонце во Буенос Аирес.

imageedit_2_4905474062

Чадот стигна и до чилеанската престолнина Сантјаго де Чиле

„Пожарите предизвикаа опасно загадување на воздухот и се закана за здравјето на луѓето во големите градови во Австралија и на Нов Зеланд, а чадот помина и илјадници километри преку Пацификот до Јужна Америка“, изјави потпаролката на Светската метеоролошка организација, Клер Нулис. Додаде и дека чадот веројатно стигнал до Антарктикот.

Во Австралија пред отстрел 10.000 камили
Локалните австралиски власти планираат да убијат околу 10.000 камили, бидејќи населението се жали на жедните животни кои упаѓаат во нивните населби и очајнички бараат вода.

imageedit_1_9541952276
Абориџанските официјални лица на оддалечените предели на северозападот на Јужна Австралија го одобриле отстрелот на камили кој би требало да трае пет дена.
Локалната управа во дописот кој е објавен на Фејсбук напишала дека „многу големи групи камили и други диви животни при потрага по вода ги вознемируваат одалечените абориџански заедници“.
Се проценува дека во Австралија има повеќе од еден милион камили, а нивната попучација е во пораст.

Испрати коментар

Scroll To Top