Архитектонското студио од Мелбурн Techne Architects, биле повикани да го реновираат Prahran hotel во Westgate, односно аголниот паб кој е припоен до сосема класична арт деко фасада и еднокатна надоградба од задниот дел на објектот. Клиентот барал да се руши еднокатниот објект со цел да се направи двокатен објект со драматичен атриум во него.
Идејата да се користат готови бетонски цевки нашла примена на многу наврати: тие поседуваат одреден скулптурален квалитет кој ја носи смислата на сликата на пабот, можат да бидат инструмент за природно одвојување на просторот во поинтимни мали места, а од надвор може да се перцепираат како буриња за чување пиво.
Наспроти цевките атриумот од челик и стакло продира во просторот така што визуелно ги комбинира различните програми. Цевките што се обложени со дрвени штици нудат поприватни маси, додека кај атриумот се нуди пофлексибилен и отворен простор кој е наменет за поголема група на луѓе и за различни настани.