Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Цетиње меѓу 10 градови во светот во проектот „Sustainable Energy for All“

Цетиње меѓу 10 градови во светот во проектот „Sustainable Energy for All“

bolnica_danilo3
На иницијатива на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, Цетиње се најде меѓу десетте градови на светот кои ќе учествуваат во проектот „Sustainable Energy for All“. Се работи за единствен град од регионот кој ќе учествува во оваа програма, и единствен меѓу избраните кој има помалку од 500.000 жители. За таа цел градоначалникот на Цетиње учествуваше на Климатскиот самит во Њујорк, каде ги презентираше досегашните придобивки од проектот „Beautiful Cetinje“, што претставува своевиден пример за тоа како градските управи во соработка со ОН може да бидат посветени на енергетската ефикасност односно одржливиот развој. Проектот „Beautiful Cetinje“ е започнат во 2011 година и опфаќа реконструкции и санации на старите зданија во некогашната престолнина – почнувајќи од фасадите па до енетериерот, при што главен приоритет е имплементација на највисоките стандарди од областа на енергетската ефикасност.

Испрати коментар

Scroll To Top