Насловна / Вести / CES 2015 – глобална сцена на иновации

CES 2015 – глобална сцена на иновации

Print

Посетителите на престижниот Саем за потрошувачка електроника, CES (Consumer Electronics Show) 2015, велат дека ја виделе иднината и дека таа навистина е розова. Можеби човештвото сè уште го мачат предизвици како војни, гладувања, болести и слично, но креативната човекова рака дефинитивно е тука „да ни ги олесни страдањата и да ни го разубави животот“. Доказ за ваквото тврдење се неверојатните производи и гаџети (читај: непотребштини) претставени на овогодишниот CES, кој се одржа во Лас Вегас, САД, од 6 до 9 јануари.

Qualcomm-Teases-LG-G-Flex-2-Launch-at-CES-2015-468571-3

Современиот човек е модерен номад, постојано е во движење. Флексибилноста е негова карактеристика, а мобилноста е клучен услов за успех. CES 2015 е токму приказна за мобилноста што ја нудат технолошките производи за нашето секојдневие. Излагачите, меѓу нив и технолошки гиганти како што се Samsung, LG Electronics, Intel, Nvidia, BMW, Mercedes, HP и многу други, претставија широка палета на производи кои можат да се поделат во повеќе групи, меѓу кои :

  1. Технологија што се носи (wearables),
  2. Компјутерски хардвер и софтвер,
  3. Телекомуникации и инфраструктура,
  4. Smart Home и Уреди за домаќинство,
  5. Автомобилска електроника и опрема,
  6. Роботика,
  7. Мултимедиа и многу други.
  8. Mercedes-Forschungsfahrzeug-fuer-die-CES-2015-1200x800-9530a7e8781c12ac

Посетителите можеа да се воодушевуваат на  F015 Luxury in Motion – автомобилот на иднината по замисла на Mercedes-Benz. Наречен и „дневна соба на тркала“ со автономност во голема мера. Конкурентот Audi испрати автомобил без возач од Сан Франциско до Лас Вегас, возејќи со брзина и до 110 км/час по лошо време, но без регистрирани инциденти. Дополнително претстави и паметен часовник (smart watch) преку кој сопственикот може да го стартува автомобилот далечински и да го управува на кратки релации. Слични напредни опции во автомобилската електроника понудија и други производители како BMW, Volkswagen, Ford, итн.LG_flexible+OLED+TV+0120141111182048141

На иновациите им немаше крај, па посетителите можеа да видат:

  • Паметни чорапи со вградени сензори кои го информираат корисникот за притисокот во стопалата при трчање со цел да го подобри квалитетот на трчањето.
  • Накит од кристали со вграден чип и дисплеј кој известува за пристигнати меилови, потсетува за закажани состаноци итн.
  • Intel претстави компјутер со големина на USB стик, хардвер на ниво на таблет, HDMI излез и Android/Windows 8.1 оперативен систем.
  • Паметни очила, кои за разлика од Google Glasses немаат ниту камера, ниту дисплеј, но затоа имаат низа сензори кои имаат за цел да го следат движењето на главата и очите по што би можеле да му дадат на корисникот совети кога да се одмори и слично.
  • LG претстави машина за перење алишта со два дела и двоен режим на работа за истовремено перење на алишта во различни подесувања.
  • На Саемот беа претставени низа паметни часовници со најразлични опции, модерен дизајн и компатибилност со други уреди.
  • Samsung, производителот на преку 600 милиони уреди годишно, ја претстави својата намера сите уреди (вклучително и оние за домаќинството) да добијат пристап на интернет. Во комбинација со сензори, чипови, дисплеи и безжична технологија, овие уреди дефинитивно ќе условат поинаков начин на интеракција со нив.
  • CES 2015 изобилува со гаџети за носење кои вршат мониторинг, предупредување и советување за здравјето на корисниците. Презентирани беа и технолошки уреди за намалување на болка.
  • Телевизорите (ако сè уште може да ги нарекуваме телевизори) сè уште доминираат на CES 2015. Потенки се, дијагоналите одат преку 100 инчи, екраните имаат барем 4К, се виткаат, имаат мал милион апликации и изгледаат неверојатно.
  • Уредите за виртуелна реалност се сè поблиску до комерцијално искористување. Претставени беа низа ВР очила со најразлини можности и употреба.
  • Panasonic претстави паметно огледало на кое можете да експериментирате со својот изглед без воопшто и да допрете шминка.
  • Беа претставени и неколку гаџети кои се носат на глава како моден додаток, за да ни ја  мерат мозочната акција со цел да ни го препознаат расположението и да го намалат стресот преку емитирање на смирувачка музика.
  • Дронови, најмалите дури со големина на бизнис картичка, се управуваат преку телефон и на растојанија од два километри, имаат камери, вршат најразлични функции.
  • Роботи кои зборуваат, чистат, готват, некои имаат и реалистичен човечки изглед, се движат самостојно и стабилно, започнуваат разговор и одговараат на прашања.upload142119414266650_thumbMercedes-Benz-F-015-Luxury-in-Motion-04

На над 200.000 м2 нето изложбен простор, над 3.600 технолошки компании изложуваа на CES 2015, меѓу нив 82% од 100-те најголеми компании според изборот на Forbes и 375 стартап-и. Изложбата ја посетија над 170 илјади посетители, од нив над 45 илјади посетители од 144 земји од светот. Изложбата ја следеа и над 5.000 новинари од цел свет. Затоа CES 2015 може да се пофали со поставен рекорд во посетеноста и интересот, со што уште еднаш се покажа дека CES е навистина саем број еден во светот на Информтичката технологија.

withings-activite-pop-sg-ces-2015-412

Поради нивото на иновации прикажани на саемот, CES се нарекува и Глобална сцена за иновации. Технологиите што редовно се прикажуваат на саемот, набргу стануваат дел од нашиот живот, ни го обликуваат начинот на кој комуницираме, работиме, се релаксираме и се однесуваме. Ни го обликува просторот во кој живееме и твориме.intel-ces2015-dress-1 ces-2015-big-booths-001 ces-2015 ECN-012015_SW_CES-2015-Gary-Shapiro-interview-Rotator Mercedes-F-015-CES-2015-Geiger-Tueren-1200x800-54fe7f2bc04def99 ap_ces_car_lb_150109

 

Испрати коментар

Scroll To Top