Речиси 400 руски научници ќе мораат да ја напуштат Европската организација за нуклеарни истражувања (CERN), откако на крајот на ноември ќе заврши соработката со Русија. Во јуни 2022, CERN одлучува да ја прекине соработката со Русија и Белорусија поради војната во Украина. Петгодишниот договор со Белорусија истекол на 27-ми јуни, а со Русија истекува на 30-ти ноември, и нема да се продолжат.
Така CERN ќе остане без околу 400 руски научници кои работеле за таа европска истражувачка лабораторија. Одлуката нема да се однесува на вработените на Заедничкиот институт за нуклеарни истражувања (JINR), меѓувладиниот центар во Русија, сместена на околу 110 километри северно од Москва. Заминувањето на руските научници сериозно ќе влијае на проектите на CERN.