Прага доби предимензиониран објект во центарот на градот. На кровната тераса на Dox Center Contemporary Art, поставен е дрвен цепелин кој, многу веројатно од очигледни причини, никогаш нема да се издигне до небото бидејќи се работи за уметнички проект. Објектот е наменет за јавноста, поточно како простор за собирање на уметниците, литературните здруженија, дебатирање за книжевноста и разни работилници.
Се работи за иновативно и креативно здание кое може да прими до 120 луѓе, а настанало во соработка со основачот на споменатиот центар и архитектот Мартин Рајнис.
„Овој наш придонес во современата уметност е всушност начин за нашето поврзување во деменот на книжевноста“, изјави Рајнис. Инаку, објектот цепелин има и назив Gulliver, според фиктивниот протагонист од познатото дело „Гуливеровите патувања“ од авторот Џонатан Свифт.