Насловна / Архитектура / „Централната зона на Нов Белград“ доби статус на културно наследство

„Централната зона на Нов Белград“ доби статус на културно наследство

На предлог на Заводот за заштита на споменици на култура на градот Белград со одлука на Владата на Србија од 29 јануари 2021. година, „Централната зона на Нов Белград“ доби статус на културно наследство – просторна културна -историска целина.

По Втората светска војна, новиот Генерален урбанистички план на Белград од 1950 година ставил акцент на проширувањето на Белград преку Сава и изградбата на Нов Белград. Настапил десетгодишен период обележан со бројни конкурси и работа, како на поединци, така и проектантски тимови, што резултирало со изградба на првите „експериментални“ станбени Блокови 1 и 2 (1958 година) според проектот на архитектот Бранко Петричиќ, а потоа и преостанатите девет станбени блокови на Централната зона според проекти на тимот кој го сочинувале Леонид Ленарчиќ, Милутин Главички, Милосав Митиќ, Душан Миленковиќ и Урош Мартиновиќ.

2_resize

„Централната зона на Нов Белград“ се состои од девет симетрично распоредени блокови 21, 22, 23, 24, 25, 26, 28, 29, 30. Средишните три блока 24, 25 и 26 не се реализирани според првите детални урбанистички планови и денес формираат заштитена околина на просторно културно-историска целина.

Овие блокови оригинално биле замислени како три главни плоштади на Нов Белград, свечен, централен и станиичен, кои би формирале Централен проспект помеѓу железничката станица Нов Белград и Палатата на СИВ, по која денес е именуван целиот простор.

1_resize

Систем на префабрикација

Заради економски и политички околности, идејата за формирање на три плоштади набргу била напуштена, па во просторот на Централната зона преовладало домување со основни функционални содржини. Во делот на конструкцијата и материјалите, за прв пат во Белград и СФРЈ бил применет систем на префабрикација, IMS системот на Бранко Жежељ, кој давал многу поголеми можности од традиционалниот тип на градење и лиење бетон на лице место, односно изградба на мега – структури со користење на бетонски панел конструкции, што со текот на времето доведе до експанзија на авторската архитектура и урбанизам, како и градежништвото во однос на технологијата и иновациите. Сите сегменти на архитектурата, од проектирање до реализација, укажуваат на комплексноста на процесот на изградба заснован на меѓународни стандарди на повоената модерна, но и на економските фактори од повоениот период.

3_resize

Нов Белград во МоМА

Модерната урбана структура на Централната зона придонела за квалитетно поврзување на историските центри на Белград и Земун. Со оглед на нејзината специфична позиција во однос на двата града, оваа зона е од особено значење не само за Нов Белград, туку претставува и една од најважните делови на пошироката област на Белград. За урбанистичката концепција и решенијата по кои се реализирал Нов Белград со Октомвриска награда на Град Белград за 1968. година наградени се архитектите Никола Добровиќ, Милорад Мацура, Станко Мандиќ, Милош Сомборски, Видо Врбаниќ, Бранко Петричиќ, Александар Ѓорѓевиќ, Урош Мартиновиќ и Милутин Главички.

Од меѓународен аспект, Блок 23 е вклучен во постојаната поставка на Музејот на модерна уметност MoMA во Њујорк од 2019 година.

6_resize

Испрати коментар

Scroll To Top