Изградбата на новата заграда на Централната банка на Ирак, проектирана од страна на покојната Заха Хадид и Патрик Шумахер во 2012 година, продолжува и натаму. Овој архитетктонски потфат со локација во Багдад, опфаќа површина од 90.000 квадратни метри и ги одразува клучните вредности на институцијата: отпорност, стабилност и одржливост.
Со височина од 170 метри, кулата се издигнува над брегот на реката Тигрис и со својот дизајн создава силен визуелен и концептуален однос со опкружувањето. Главната конструкција е втемелена врз масивна основа. Зградата е тесна во основата и се шири кон средината, овозможувајќи подобра функционалност и ефикасност на просторот, додека при врвот повторно се стеснува.
Големиот атриум во центарот на зградата овозможува природната светлина да продре во внатрешноста. Вертикалните слоеви на надворешната обвивка создаваат дополнителна заштита и поврзаност со опкружувањето. Овие слоеви се продолжуваат се до приземјето и преминуваат во хоризонтални елементи кои се дел од пејсажниот дизајн. Со своите грандиозни димензии и внимателното проектирање, оваа зграда ќе стане препознатлив симбол на Багдад и една од најзначајните архитектонски придонеси на Zaha Hadid Architects во овој регион.