Операторите на преносниот систем на природен гас од Словачка, Романија, Унгарија и Полска, договориле стратешко партнерство за развој на регионална мрежа за вододрод. Според спогодбата за партнерство, компаниите од овој регион ќе соработуваат и во областа на декарбонизација, развој на зелени гасови и сл. Партнерството е иницирано од страна на романски Transgaz, а вклучени се и полскиот Gaz-System, словачкиот Eustream и унгарскиот FGSZ. Четирите оператори потпишале меморандум за разбирање и ги повикале и другите субјекти од регионот да им се придружат.
Главните цели се насочени кон соработка во областа на производството и транспортот на водородот и транспортот на CO2, идентификување на пазар на водород и негова примена во различни индустрии, како и работа на подготовка на релевантна регулаторна рамка. Во септември 2021, словачкиот оператор Eustream потпишал меморандум за разбирање со неколку компании за развој на производството на т.н „син“ водород во Словачка. Се очекува водородот да има значајна улога во достигнувањето на целите на ЕУ за намалување на емисиите со ефект на стаклена градина за 55% до 2035 година.