Кога имате Ферари, дозволена ви е и гаража во вашата дневна соба. Сопственикот на оваа куќа во Хонг Конг ангажирал тим од архитектонското студио Millimeter Interior Design со цел да се реновира и да го приспособи целиот простор на неговите желби. Најголемиот предизвик бил стеснатоста на целата структура која има поделен распоред на нивоата во просторот. Сепак, резултатот е паметно дизајниран ентериер кој е навистина зачудувачки. Црвениот ѕвер што го поседува сопственикот на овој дом внимателно гледа во дневната соба и просторот на кујната и трпезаријата.
Низ големата стаклена површина што ја одвојува гаражата од целиот дом, можете да уживате во погледот на овој моќен автомобил, додека во исто време се постигнува отворен изглед на целиот простор. Внатрешниот дизајн ги фасцинира многуте љубители на скапи автомобили, кои би сакале нивните миленици секогаш да бидат пред нивните очи, и да служат како единствена декорација.