Насловна / Хортикултура / Централ парк – белите дробови на Њујорк

Централ парк – белите дробови на Њујорк

Како што кажува и самото име, Централ парк претставува јавен парк лоциран во центарот на Менхетен, Њујорк. Паркот првенствено бил отворен пред 1857 година на површина од 750 ари. Паркот не бил дел од Комисионерскиот план од 1811 година. Тој бил изграден на барање на сите граѓани на Њујорк, кои на неколку пати потпишувале петиција за изградба на едно вакво здание, од причини што во тоа време зелените површини во и околу градот биле минимални.

centralPark

Како најгласни иницијатори за изградба на овој парк биле неколку јавни личности, меѓу кои и првиот американски пејзажен архитект Ендру Џексон Даунинг, кој силно ја пропагирал својата идеја за неопходната потреба на градот за зеленило. Во 1853 година распишан е јавен конкурс за дизајнерско и функционално решение за реновирање на Централ парк на кое победуваат Лу Омстед и Калверт Вокс, со нивниот проект наречен “greensward plan”, а изведбата на овој проект започнал и бил завршен пред 1873 година.

Central - 1

Цената за изградба на овој парк властите ги чинела за тоа време неверојатни пет милиони долари. Според наодите на НИА (Националната историска архива), уште од пред 1963 година па сè до денес, паркот е под надлежност на Central Park Conservancy, кој имал склучено таков договор со општината. Денес, за тековно одржување на паркот се издвојува буџет од 25 милиони долари годишно. За задоволување на потребата од плодна почва за изградба на овој парк биле донесени преку 15.000 м3 почва од Њу Џерси. Паркот го красат преку 30 илјади растенија од 1500 различни видови. Денес паркот го посетуваат приближно 40 милиони посетители, со што го добива епитетот најпосетуван парк во САД. Целокупната површина на која се распространува е околу 3,4 км2. Неговата должина изнесува околу четири километри, а широк е 0,9 км.

central - 4

Се простира помеѓу 59 Улица (Јужен Централ парк) и 110 Улица (Северен Централ парк), позициониран помеѓу Пета авенија и Западен Централ парк. Иако зафаќа толку голема површина, ниеден дел од паркот не е запоставен. Тој претставува перфектно организирана површина, каде што секој може да си најде свое омилено катче. Така, има преку 95 километри пешачка и велосипедска патека, зоолошка градина, резерват, театар, голем број бини за одржување на концерти на отворено, спортски терени, плоштади, пространи тревни површини за фамилијарни и масовни излети, езера, раскошни фонтани и водоскоци, споменици, скулптури и сл. Во текот на зимскиот период се поставуваат лизгалишта, од кои повеќето се монтажни со исклучок на еден пловен базен кој се заледува во овој период.

Central - 2

Пајтоните и уличните артисти со ширење на својата уметност секојдневно му даваат дух на паркот. Според последната проценка за вредноста на паркот извршена во декември 2005 година, тој чини повеќе од 520 милијарди долари. Централ парк не може да се каже дека денес е целосно изграден, бидејќи во него постојано се гради и доградува, се градат и се додаваат нови содржини, се со цел да се задоволи потребата на граѓаните и туристите.

Еден коментар

  1. Драгица

    Ubavini

Испрати коментар

Scroll To Top