Познатиот комплекс во француската престолнина се затвора на три години поради реновирање.
Центарот Жорж Помпиду во Париз ќе претрпи големи зафати. Проектирана од архитектите Ренцо Пиано и Ричард Роџерс во 70-тите и свечено отворен во 1977. година, оваа високотехнолошка икона на француската престолнина и една од водечките културни атракции во главниот град ќе биде целосно затворена од крајот на 2023. година до 2027. година, пишува New York Times.
Знаци на влошување се евидентни, особено кога станува збор за системот за греење и ладење. Дефектите на ескалаторите, како и на лифтовите зачестиле, додека азбестот мора да се отстрани од зградата поради здравствени причини. Меѓутоа, ова не е прво реновирање на музејот. Всушност, тој веќе еднаш беше затворен во 1997. година, пред неговата дваесетгодишнина, исто така на неколку години.
Француската министерка за култура Роселин Башело, изјави дека е одлучено културниот центар да не биде отворен за целото времетраење на работите со цел да се заштедат пари и да се скрати времетраењето на реновирањето од седум на три години. Според Figarou, вредноста на работите се проценува на околу 200 милиони евра.