Центарот Le Corbusier, финалниот проект на славниот архитект Ле Корбизје во Цирих, повторно е отворен за јавноста, по обемно реновирање. Завршен во 1967. година, ова е единствен објект на Корбизје кој речиси целосно е изграден од стакло и челик: реализирање на неговиот концепт за синтеза на архитектурата, животот и уметноста во реалниот живот, пишува ArchDaily.
Отворен во мај, до ноември павилјонот ќе биде домаќин на повремени изложби, настани и работилници кои се занимаваат со различни аспекти на животот и работата на архитектот. По обемната реставрација, просторот ќе се користи за изложби, од дизајн на мебел до фотографија и сликарство.
Проектирана пред смртта на архитект во 1965 година, зградата е сведоштво за ренесансниот гениј на Корбизје како архитект, сликар и скулптор. Тоа и е интенцијата, бидејќи е изложбен простор за неговото животно дело, природно, бидејќи објектот е мајсторски проектиран.
Интересно е што објектот на некој начин се разликува од неговиот препознатлив стил, бетон, камен, униформирано повторување. Се слави употребата на челикот со кој истражувал префабрикација и монтажа, а слободата низ модуларност во која основата била потполно отворена, но бескрајно прилагодлива.
Кровната конструкција, која стои на четири правоаголни носачи, се состои од два 12х12 метри квадратни елементи изработени од заварен челичен лим. Секој квадрат е во форма на чадор, едниот е свртен нагоре, а другиот надолу. Целата конструкција е префабрикувана: произведена од производител на челик, донесена на градилиште во најголеми можни парчиња, составена до конечната состојба. Двата чадори овозможуваат заштита од сонце и дожд за време на изградбата и продолжуваат да го штитат целиот павилјон, истовремено делувајќи како доминантен естетски елемент на објектот.
Главниот волумен на објектот го сочинуваат панели во основни бои и стаклена обвивка. На остатокот од објектот, панелите се со стандардна димензија, една третина од големината на челичните коцки. Панелите и нивната боја распоредени се по надворешноста на објектот со воочлив ритам.