На Светскиот ден на љубов кон миленикот, општина Центар започна со изградба на парк за миленичиња.
Паркот е сместен во рамките на „Паркот на новинарите“, спроти Министерството за образование и наука, и е на површина од 308 метри квадратни.
За поголема безбедност, просторот ќе биде опколен со ограда висока два метри.
Паркот ќе биде збогатен и со урбана опрема, односно клупи и корпи за отпадоци. Во договор со граѓаните, ќе бидат поставени и реквизити за миленичињата, што ќе овозможи активно дружење со домашните миленици, соопштуваат од Општината.