Насловна / Архитектура / Центар за спортови на вода за Олимписките игри во 2024 година

Центар за спортови на вода за Олимписките игри во 2024 година

Иновативен спортски центар за Олимписките игри во 2024 година ќе се гради во Сен Дени, во Париз. Овој центар за водени спортови ќе биде домаќин на натпревари во ватерполо, нуркање и синхронизирано пливање, додека за време на Параолимписките игри ќе се трансформира во стадион во boccia. Објектот ќе биде поврзан со нов пешачки мост со постојниот „Стад де Франс“.

centar

Добитното решение го направи холандската архитектонска фирма VenhoevenCS во соработка со партнерска компанија од Франција, Ateliers 2/3/4/. Тој е дизајниран за повеќенаменска употреба и е единствената зграда што ќе биде изградена за Олимписките игри и ќе остане во употреба по завршувањето.

centar1

Проектот е важна инвестиција во иднината на овој дел од Париз. Зелениот јавен простор и новиот мост што го поврзува Центарот со „Стад де Франс“, најголемиот стадион во Франција, се само дел од придружните објекти. После Олимпијадата, жителите и посетителите ќе можат да ги користат базените и да уживаат во водните активности во рамките на објектот.

centar2

Центарот се карактеризира со дрвен спуштен покрив со висина што строго го следи потребниот минимален простор за трибини, луѓе и видиковци, со што се минимизира количината на воздух што треба да циркулира таму. Објектот треба да биде оперативен во следните 50 години, а капацитетот е до пет илјади гледачи околу мултифункционалниот базен за натпревар.

„Aquatics Centre“ е концепт на одржлив дизајн кој придонесува за подобрување на квалитетот на животот во градовите. Планот вклучува законски регулативи и барања за зачувување на животната средина, создавање здрава градска област. Инспирација за проектот била природата, така што се создал простор за сто дрвја кои ќе бидат засадени за да се подобри квалитетот на животот и воздухот, да се стимулира биодиверзитетот и да се создадат нови еколошки врски.

centar3

Центарот ќе има паметен енергетски систем, каде што 90 отсто од потребната енергија може да се добие од обновливи извори. Покривот ќе биде покриен со соларни панели, што ќе биде една од најголемите соларни фарми во Франција и ќе задоволи 25 отсто од потребната енергија, што е еквивалентно на потрошувачката на електрична енергија за 200 домаќинства. Ќе бидат инсталирани и системи за повторна употреба на вода, но исто така ќе се користи и техника upcycling за производство на мебел од отпад од дрво што доаѓа од градилиштето. Оваа техника ќе се користи и за правење штандови за трибини, кои ќе бидат изработени од 100 отсто рециклирана пластика собрана во училиштата во Сен Дени.

centar4

Испрати коментар

Scroll To Top