Насловна / Вести / „Центар за климатски промени“ ја промовира зелената економија

„Центар за климатски промени“ ја промовира зелената економија

Невладината организација „Центар за климатски промени“ (ЦКП) – Гевгелија, спроведува проект за промовирање на зелената економија и меѓу граѓанските организации и меѓу компаниите. Овој проект  е суб-грантиран во рамките на проектот „ GEAR-Зелена економија за развој на регионот“ финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2016-2017, имплементиран од страна на Еко-свест, Центар за истражување и информирање за животната средина, Скопје во партнерство со СМАРТ Колектив од Србија, Центар за поддршка и развој од БиХ, и Асоцијацијата Слап од Хрватска, Eden Center  од Албанија и Fors Montenegro од Црна Гора.

На 28.11.2019, ЦКП спроведе еднодневна обука за зголемување на капацитетите на граѓанските организации во оваа сфера. Обуката се одржа во Велес и беше посетена од околу 20 организации. Тие имаа можност да се стекнат со знаења во однос на примената на концептот за зелена економија, законската основа на примена на концептот за зелена економија, Green New Deal на Европската Комисија со можности за финансирање на зелени проекти, како и секторски анализи од аспект на предизвици, можности и примери на добра практика. До крај на годината планирана е уште една ваква обука наменета за компаниите. Како последна активност во рамките на овој проект е изработка на планови за спроведување на концептот за зелена економија во три компании, која ќе започне да се реализира во текот на првото тромесечје од следната година.

Во рамките на проектот паралелно се спроведува истражување за примена на концептот за зелена економија од страна на компаниите во нашата држава. Целта на истражувањето е да придонесе за развојот на зелената економија и за заштитата на животната средина, преку примената на концептот зелена економија. Компаниите кои сакаат да придонесат кон истражувањето можат да се приклучат преку одговарање на прашалникот на следниот ЛИНК најдоцна до 15 декември 2019 година.

green economy1

green economy2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top