Насловна / Архитектура / Центар за изведбена уметност во Обединетите Арапски Емирати дело на Тадао Андо

Центар за изведбена уметност во Обединетите Арапски Емирати дело на Тадао Андо

Јапонскиот архитект Тадао Андо ќе го проектира „Il Teatro “, нов центар за изведбени уметности, во културниот кварт Насеј, во Шарџа, третиот најнаселен град во Обединетите Арапски Емирати, по Дубаи и Абу Даби. Тој е главен град на Емиратот Шарџа и е дел од метрополитенската област Дубаи-Шарџа-Ајман.

Комплекс посветен на уметноста, кој инвеститорот „Арада“ го реализира како дел од урбанистичкиот план, на земјиште со мешана намена, ќе се протега на површина од 24.155 метри квадратни. Плоштадот на „Ил Театро“ ќе биде домаќин на дузина настани во текот на годината, вклучувајќи опера, театар, танц, балет, мјузикли, концерти, филмови, уметнички изложби и фестивали. Покрај аудиториумот со 2.000 седишта и многубројни програмски содржини, Il Teatro ќе биде збогатен со галериски простор и ресторан.

1

2

Концептот на Тадао Андо вклучува, јавен простор организиран на две нивоа, со подигната платформа која лебди над фонтаната и содржи амфитеатар на отворено. Плоштадот ќе прерасне во пулсирачки социјален центар кој повикува на низа активности, овозможувајќи пристап до комплексот, до чија внатрешност се пристапува, преминувајќи преку пешачките патеки лоцирани над езерата.

Меката транзитивност на кровната површина од главниот волумен ќе ја карактеризира сверична форма, кој ќе се протега на две нивоа, и со помала анекс зграда во ист манир.

„Il Teatro“ ќе остави трајно меѓугенерациско влијание преку неговиот акцент на културата и уметноста. „Ја дизајнирав централната структура на зградата да биде тркалезна како Земјата, бидејќи сакав да создадам нов свет внатре што ќе го привлече не само локалното население туку и посетители од целиот свет, ќе изјави Тадао Андо, основач на Тадао Андо Архитекти. „Il Teatro“ е вториот проект на Тадао Андо во во Обединетите Арапски Емирати, по резиденцијалните објекти на Палм Џумеира, исто така во партнерство со Арада, кое беше претставено пред јавноста претходно, оваа година.

3

Местоположбата на Il Teatro е стратешка, на главниот пристапен пат во центарот на креативниот кварт Naseej, кој претставува блок од 19 објекти, во кои се вбројуваат хотелот Вида Аљада и истоимениот стамбен комплекс, кој ќе биде управуван од Emaar Hospitality. Изградбата во областа Насеј веќе е во тек, а првите домови ќе бидат завршени оваа година. Работата на Ил Театро ќе започне следната година, а целосно комплексот и плоштадот се планира да бидат завршени во 2027 година.

Испрати коментар

Scroll To Top