Насловна / Архитектура / Центар на медитеранска култура во Реџо Калабрија на ZHA

Центар на медитеранска култура во Реџо Калабрија на ZHA

Во тек е изградбата на Центар на медитеранска култура во Реџо Калабрија, а неговата монументална архитектура е дело на Zaha Hadid Architects и претставува музеј и културен простор за собирање на јужниот италијански регион. Градоначалникот на Реџо Калабрија, Giuseppe Falcomatà и директорот на ZHA Filippo Innocenti го поставувија камен-темелникот, а моментот означува значајна пресвртница, која ветува дека ќе го трансформира културниот пејзаж на градот.

ZHA проектирале амбициозна зграда која ќе се наоѓа во историски стратешкиот град Реџо Калабрија, кој се наоѓа на Месинскиот Проток во јужна Италија. Градот долго време служел како порта помеѓу источниот и западниот Медитеран, поврзувајќи го италијанското копно со Сицилија и стоejќи на раскрсницата на трговските патишта и морските екосистеми.

Мултифункционален културен центар

Новиот центар на Zaha Hadid Architects ќе го истакне богатото културно наследство на Калабрија, кое со векови го обликувале поморските цивилизации. Архитектите го проектирале Центарот на медитеранска култура за да ги надополни постојните археолошки и уметнички музеи, истражувајќи ја длабоката врска помеѓу Калабрија и Средоземното Море. На овој начин, проектот гарантира дека и историјата и иднината на регионот се прикажани во модерна, динамична средина.

Новиот Центар на медитеранска култура е дел од поширокото обновување на брегот на Реџо Калабрија, подрачје кое доживеало деградација на животната средина со текот на времето. Проектот на Zaha Hadid Architects го интегрира центарот во Reggium Waterfront, создавајќи крајбрежен урбан парк и продолжено шеталиште што го подобрува пристапот до брегот и нуди неверојатен поглед на Месинскиот Проток и Сицилија.

Внатрешните простори го одразуваат морскиот живот на Калабрија

ZHA го предвидува Центарот на медитеранска култура како главен градски и културен простор за собирање за Реџо Калабрија. Проектот повторно го поврзува пристаниште со градот, што го прави составен дел од јавниот простор. Овде ќе се одржуваат различни настани, изложби и форуми, а сето тоа ќе го прикаже односот меѓу човештвото и морето од локална, калабриска перспектива.

Со површина од 24.000 квадратни метри, центарот на ZHA ќе биде значаен додаток на културната инфраструктура на Калабрија. Проектот вклучува постојани и привремени изложбени галерии, аквариум, мултифункционални конференциски објекти, аудиториум и едукативни простори за локалните училишта. Исто така, ќе има содржини за слободно време и релаксација, како што се книжарница и ресторан, што ќе го подобри доживувањето на посетителите.

Ентериерите се под влијание на морската средина на Калабрија, како одраз на биолошката разновидност на регионот. ZНА инкорпорира бои и форми инспирирани од морскиот свет, особено во аудиториумот, каде коралните нијанси ја евоцираат виталноста на Средоземното Море. Флуидните внатрешни простори на аквариумот создаваат извонредно искуство што го оживува богатиот морски екосистем на Калабрија.

Архитектите користат напредно компјутерско симулационо моделирање за да ја одредат архитектонската композиција на објектот, кој ги балансира јавните дворови и архитектонските волумени. На овој начин, архитектурата ќе ги заштити посетителите од интензивната сончева светлина и ветровите што преовладуваат и се карактеристични за климата во Калабрија. Секој двор нуди поглед на пристаништето, градот или панорамска тераса со поглед на Месинскиот Проток.

ZНА вклучува стратегии за одржливост кои одговараат на климата и еколошките услови на Калабрија. Центарот ги ублажува летните горештини и ветерот преку неговата архитектонска композиција, додека 90 отсто непроѕирната фасада со плочи од елоксиран алуминиум ја минимизира сончевата топлина и побарувачката за ладење. Овие панели, добиени локално, ја намалуваат потрошувачката на енергија и одржувањето, усогласувајќи се со долгорочните цели за одржливост.

Посветеноста на тимот на одржливоста се протега и на околниот пејзаж, кој ќе содржи медитеранска макија (средоземна џбунеста вегетација) со шеесет автохтони сорти на растенија. Ова пејзажно уредување ќе го подобри локалниот биодиверзитет, додека потрошувачката на вода ќе се сведе на минимум, со дождовница која ќе се собира на лице место, демонстрирајќи холистички пристап кон управувањето со ресурсите.

Испрати коментар

Scroll To Top