Инспектор од општина Центар издаде решение и ги казни бистро „Бруклински“ на улица „Орце Николов“ и кафе „Че“, спроти Универзална сала. Во бистрото „Бруклински“ е констатирана двојно повисока бучава од дозволената, а мерењето во двата објекта е извршено со прецизен модуларен анализатор на звук. Граѓаните се жалеа на бучавата, бидејќи објектите се во станбена зона и мерењето на бучавата е извршено по 23 часот.
Два угостителски објекти на Боемската улица 1, „Ганза“ и „Канцеларија“, и покрај неколкуте опомени од страна на инспекција на општина Центар, не го испочитуваа законскиот услов за задолжителна изработка на елаборат за заштита на животната средина.
Доколку и по оваа опомена пред казна, сопствениците не ја испочитуваат законската обврска, ќе бидат санкционирани според позитивните законски норми.