Центарот Carlos Santa Maria во Сан Себастијан, Шпанија, е дел од универзитетскиот кампус во Ибаета, надополнувајќи го комплексот како нов објект кој во себе ги сместува универзитетската библиотека и архивата за документација.
Објектот е конфигуриран под влијание на спонтана траса која ја следи природната патека на опкружувањето. Во еден момент, континуитетот на трасата се прекинува со вертикално потенциран вертекс, повлекувајќи го влезниот простор во полузатворен, заштитен екстериер, кој функционира како главно лоби на објектот.
Вијугавата обвивка е поделена во два блока, меѓусебно одделени со внатрешна улица, ориентирана север – југ. „Шлицот“ формиран со улицата, овозможува исполнување на внатрешноста на објектот со природно осветлување, истовремено отворајќи можности за креација на приватна градина, како потенцијална екстензија на намените ориентирани кон неа.
Позиционирањето на отворите на фасадата се детерминирани анализирајќи го екстериерниот контекст и се поставени на крајот на секоја комуникациска оска. Нивната пропорција е дизајнирана со цел да се задржи ритамот на целокупната композиција, на начин што на стратешки локации во ентериерот се појавуваат како издадени волумени, во кои се сместени дополнителни зони за релаксација.
Објектот како архитектонска композиција се состои од подрумски дел, приземје и кат и суплтилно се асимилира во опкружувањето, не доминирајќи со сопствената висина.