Статистиките на порталот Crozilla.com зa септември покажуваат дека цените на становите во повеќето градови во Хрватска се пониски отколку еден месец претходно, но и пониски отколку истиот месец лани.
Побарувачката на станови традиционално е најголема во Загреб, како што покажува порталот, а голема побарувачка има и за станови кои се продаваат на подрачјето на Сплит, Пула, Задар и Шибеник.
Според податоците на порталот, цените на становите во септември бележат најголем месечен пораст, 2,3 насто, но истовремено и со најголем годишен пад на цените од два проценти. Просечната барана цена на квадратен метар изнесувала 1.587 евра. Месечен пораст на цените на становите забележан е и во Шибеник, каде што цените се повисоки за 1,9 насто во споредба со претходниот месец, за еден „квадрат“ стан биле барани во просек 1.377 евра.