Цените на недвижности во Србија во 2014 година не паднаа значително во однос на минатата година, а не се очекува ни нивен натамошен пад, бидејќи сопреа на реално ниво, велат експерти од таа област.
Претседателот на Управниот одбор на Кластерот за недвижности, Ненад Ѓорѓевиќ за Танјуг рече дека во изминатите година и пол е стабилизиран домашниот пазар на недвижности.
Според него, земјите во регионот исто така имаат лош тренд и, на пример, во Хрватска цените на недвижности во првите три тромесечја паднале за околу девет отсто во однос на истиот период лани.
Тој смета дека цените на недвижности нема да паѓаат значајно ни во наредната година.„Пазарот може да расте ако има има субвенционирани станбени кредити“, рече тој
На домажниот пазар на недвижности, вели, во изминатите пет години не им одговараа големите камати на орочени депозити во банките, бидејќи тие беа повисоки од пет или шест насто на орочени девизни средства за една година, поради што и растеше штедењето.„Секоја година девизнпото штедење растеше околу 600 до 700 милиони евра и барем половина од тој износ во други околности би одел во купување на недвижности“, нагласи Ѓорѓевиќ.
Според некои оценки, во Србија од 2008 годинадо денес цените на становите паднале за околу 30 отсто. На пример, четворособен стан во белградската населба Миријево во 2008 година можел да се продаде за 1.200 евра по квадратен метар, а лани за околу 900 евра.