Според последните податоци од Регистарот на цени и закупнини за третиот квартал лани, пазарот на недвижности во однос на обемот на тргување бележи раст. Во третиот квартал лани биле регистрирани 5.527 трансакции, односно 611 повеќе споредено со претходниот квартал, пишува opserver.mk.
Аеродром
Цената за продажба и закуп на недвижности највисока е во Скопскиот регион, , а во дел од општините воопшто нема трансакции на пазарот на недвижности. Најскапи се становите во скопските општини Карпош и Центар, најмногу куќи се продадени во Битола, покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупнини. Во периодот јули-септември лани во Регистарот се впишани 3.245 купопродажби на недвижности, 674 продажби од инвеститор и 98 откупи од државата. Во овој квартал се регистрирани и пет продажби на недвижности по пат на лицитација. Вкупно имало 4.022 продажби, за 552 повеќе споредено со вториот квартал.
Регистрирани се и 1.505 закупи на целата територија на државата штоставува раст за 59 во однос на закупите во претходниот квартал. Педесет и девет отсто од трансакциите со недвижностите се однесуваат на купопродажби, а 27 отсто за закупи и заедно сочинуваат 86 отсто од вкупниот пазар на недвижности.
Карпош
Гледано по општини најмногу трансакции се случиле на територијата на Карпош (444), по што следи Општина Центар со 437, Општина Аеродром со 398, Општина Кисела Вода со 263. Најмал број се регистрирани на територијата на општините Росоман и Арачиново, каде имало по шест трансакции, Зрновци со пет трансакции, Конче, Зелениково и Лозово по четири, а Вевчани само една. На територијата на 52 општини се регистрирани трансакции во обем од 0 до 39 што претставува мал број за дадениот период. Тоа покажува дека има големо раздвојување на пазарот, односно каде што има развиен пазар и општини каде што пазарот на недвижности воопшто не функционира. Во овој период преку продажби се истргувани недвижности со површина од 4.218.325 квадратни метри, при што е достигната вкупна цена од 8.700.968.127 денари. Под закуп, пак, се дадени недвижности со површина од 1.463.137 квадратни метри со вкупна месечна закупнина од 37.075.672 денари.
Двојно пониска цената на становите во Штип од тие во Скопје
Во периодот јули – септември лани на целата територија на државава се продадени 674 новоизградени станови, за 195 повеќе во однос на вториот квартал. Статистиката на Агенцијата за катастар на недвижноси покажува дека во држвава има 6.368 непродадени нови станови кои се нудат на пазарот на недвижности. За разлика од вториот квартал во трериот има зголемување на непродадените станови за 615. Податоците од катастарот покажуваат дека се издадени 11.950 листови за предбележување на градба што укажува дека тие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности. Најмногу продадени станови има во Општина Карпош 239, зад која следат Аеродром со 213, Центар со 142, Охрид и Кисела Вода со по 123, Чаир со 102, Битола и Куманово по околу 80. Од продадените најскапи се становите во општините Карпош и Центар, каде е постигната просечна цена од 60.398 односно 59.8655 денари за метар квадратен. Меѓу поскапите се и становите во Аеродром, односно во третиот квартал за метар квадратен во просек се плаќало по 50.739 денари, Кисела Вода со по 46.571 денар, Гази Баба со по 45.000 денари. Во Битола цената на метар квадратен изнесувала 33.897 денари, во Струга 32.214, во Струмица 31.502, во Кочани 30.080. Под овој износ односно по 28.730 денари и 26.780 денари чинел метар квадратен во Куманово и во Штип.
Социјални станови – Штип
Од 4.022 продажби во третиот квартал лани, 3.245 се на стари недвижности, 674 на новоградби, а регистрирани се и 95 откупи од државата и пет продажби по пат на лицитација. Споредено со третиот квартал 2018 година кога се регистрирани 792 продажби на нови станови, има пад од 118 продадени новоизградени станови, додека во однос на вториот квартал лани има зголемување на продажбите за седум отсто.
Најмногу се закупуваат деловни простории
Кај закупите пак најголемиот дел, 39 отсто од трансакциите се однесуваат на деловни простории, 33 отсто на становите, 13 отсто на куќите, девет отсто на земјоделско земјиште, четири за закупи на градежно земјиште. Индустријата и останатите недвижности учествуваат со само по еден отсто од вкупниот пазар на закупи. Во јули, август и септември лани се закупени недвижности со површина од 1.436.137 метри квадратни со вкупна месечна закупнина од 37.075.672 денари. Најмногу се закупува земјоделско земјиште, а најголема месечна закупнина достигнуваат деловните простории. Гледано по општини, најмногу закупи имало во Центар (237), Карпош (122), Аеродром (110), Битола (81). Во 13 општини има само еден закуп, во осум општини по два, а ниту еден закуп не е регистриран во девет општини (Старо Нагоричане, Студеничани, Желино, Залениково, Росоман, Македонска Каменица, Лозово, Нова и Центар Жупа). Просечната цена за закуп на метар квадратен станбена површина во Карпош изнесува 294 денари, во Центар 273 денари, во Струга 258 денари, а под 100 денари закуп чини квадрат од становите во Кочани, Охрид, Штип и Струмица.
Извор: Опсервер