Белград се наоѓа на четвртото место на листата на најскапи градови во Европа, според цената на недвижностите во однос на висината на приходите. Ова е објавено на сајтот „Нумбео“ кој важи за најголема светска база на податоци за животните трошоци, како и за квалитетот на живот.
Според пресметките на овој сајт, односот на цените на недвижностите и просечните приходи во Белград изнесува високи 19,77. Така Белград се најде зад Москва (однос 21,12), која е на првото место, Париз (20,97) и Сплит (19,77), а пред Владивосток (18,63), Гдањск (18,31), Прага (17,97) и Милано (17,85).
Од градовите во регионот, доста високо се пласирани и Бања Лука (13,75), која се наоѓа на 30-тото место, пред Барселона, Порто и Загреб, кои се на 33-тото место со однос 13,47. Интересно е дека Лондон кој има репутација на град со исклучително високи цени на недвижностите, е дури на 20-тото место со однос 15,65.