Трендот на пораст на цената на електричната енергија за домаќинствата во земјите – договорни страни на енергетската заедница, продолжил и во 2018 година, додека по повеќегодишно намалување, цената за индустриските потрошувачи започнала да се зголемува. Ова е заклучокот на Годишниот извештај на Агенцијата за соработка на енергетските регулатори (ACER), за резултатите од следењето на внатрешните пазари на електрична енергија и природен гас во 2018 година. Извештајот се однесува на земјите членки на ЕУ, но во одреден дел и за договорните страни на Енергетската заедница. Иако во повеќето земји членки на Енергетската заедница цената на електричната енергија за индустриските потрошувачи намалувана во периосот 2013-2017, во 2018 година следело покачување. Најголем раст на годишно ниво забележан е во Македонија и изнесува 17% . Најниската цена на електричната енергија за индустријата била во Црна Гора, додека највисоката била во Македонија, со што земјава го презела лидерското место од Србија -лидерот за 2017 година.