Цементарницата Усје од Скопје прокнижи нето добивка од 1.484.687.249 денари, покажува годишниот и законскиот финансиски извештај на компанијата, објавен на Македонска берза.
Вкупните приходи од продажба на Усје лани се 3.411.965.000 денари, како останати приходи се евидентирани 605.670.000 денари, додека трошоците на продадените производи се во вредност од 2.249.913.000 денари.
Дел од стварената добивка од 1.484.687.249 денари, односно 467.676.483 денари ќе се поделат како дивиденда на акционерите, на данок на дивиденда ќе отпаднат 51.964.054 денари, додека остатокот од 965.046.712 денари остануваат нераспределени.
Исплатата на дивидендата, како што се наведува, ќе биде најдоцна до 30.09.2014 година.