Насловна / Вести / Цемент кој генерира електрична енергија при контакт

Цемент кој генерира електрична енергија при контакт

Тим истражувачи во Јужна Кореја развил материјал врз база на цемент кој е способен да генерира и складира електрична енергија. Спроводливиот композит базиран на цемент (cement-based conductive composite – CBC) содржи јаглеродни влакна со способност да се однесуваат како трибоелектрични наногенератори (triboelectric nanogenerators – TENG), односно „да собираат“ енергија од едноставни секојдневни настани како што е движењето на човекот (чекори) или влијанието на силите на ветерот и дождот. Истражувачките тимови од Incheon National University, Kyung Hee University и Korea University, кои заеднички го развиле материјалот, велат дека CBC има потенцијал да ја намали емисијата на јаглерод диоксид на зградите и да заштеди енергија.

cbc1

cbc2

Во лабораториски услови, утврдено е дека 1% волумен од спроводливи влакна во цементната мешавина, даваат оптимални електрични карактеристики при истовремено задржување на физичките карактеристики потребни за градежниот материјал.  Научниците велат дека нивната намера е да создадат материјал кој ќе се користи за изградба на објекти со „нето нула“ потрошувачка на енергија.

cbc3

Испрати коментар

Scroll To Top