Со цел да се осветлат патиштата и велосипедските патеки, без потреба од електрична енергија д-р Хозе Карлос Рубио од Универзитетот UMSNH во Шпанија, создаде цемент кој емитува светлина и има животен век од 100 години. Тој објаснува дека обичниот цемент кој е во вид на прашина се раствора во вода како шумечка таблета. Во тој момент станува гел, но во исто време се формираат кристални снегулки, кои се несакан нуспродукт на зацврснатиот цемент. Затоа, истражувачот се фокусирал на модификација на микроструктурата на цементот со цел елиминирање на кристалите, односно постигнување на состојба на целосен гел, помагајќи притоа да апсорбира сончева енергија и истата да ја емитува во околината како светлина.
Д-р Рубио соопштува дека глобалното производство на цемент во 2015 година било околу 4 милијарди тони, па соодветно на тоа овој нов материјал може да има широк комерцијален пазар. Од утрото па во текот на целиот ден, структурата која е направена од овој вид цемент може да апсорбира сончева енергија и да ја емитува во текот на ноќта во времетраење од 12 часа. Тој додава дека денес повеќето флуоресцентни материјали се изработени од пластика и имаат просечен животен век од 3 години, бидејќи се распаѓаат под дејство на УВ зраците. Но, овој нов цемент е отпорен на сончевите зраци и животниот век с епроценува на 100 години. Освен тоа, тој е еколошки, бидејќи е направен од песок, прашина или глина која станува гел,, а единствен остаток при неговото создавање е водена пареа. Во моментот, постои во сина и зелена боја, а интензитетот на светлината може да се регулира со цел да се избегне „заслепување’ на возачите или непотребен отсјај.
Во моментот истражувањата се во преодна фаза и фаза на комерцијализација.