Општина Центар го заврши првиот дел од реконструкцијата на улицата „Апостол Гусларот“, во Буњаковец.
Направена е коплетна реконструкција на коловозот и тротоарите. Поставен е нов тампон и асфалт во два слоја. На руинираните ивичници се поставени нови бехатон плочки.
Во оваа прва фаза е опфатен потегот од „Никола Тримпаре“ до ОУ „Јохан Јанрих Песталоци“, во должина од 80 метри.
Општина Центар врши подготовки за втората фаза, кога ќе се обновува делот до „Стефан Јакимов- Дедов“.
Инаку улицата беше во катастрофално лоша состојба и граѓаните со години реагирале на ударните дупки и оштетените ивичници.
Реконструкцијата на улицата ја зголемува безбедноста и на учениците од ОУ „Ј.Х. Песталоци“.
И овој проект е дел од актуелната акција на општина Центар, „Нова пролет, нова офанзива!“.