Насловна / Вести / Целоснa реконструкција на улицата „Никола Тримпаре“ во Буњаковец

Целоснa реконструкција на улицата „Никола Тримпаре“ во Буњаковец

Една од најоштетените улици во населбата Буњаковец, сега е целосно реконструирана. Коловозот и тротоарите, во должина од 180 метри, се комплетно обновени, изваден е стариот слој, направена е нова бонификација на тлото и според сите стандарди за изградба на улична мрежа, поставен е нова тампонска подлога. Овој слој е цврст, стабилен и нема опасност од пропаѓање.ул. Никола Тримпаре (2)

Новиот асфалт е од два слоја и ги задоволува светските стандарди. На тротоарите се наредени нови бехатон плочки. Сите кабли на операторите се вметнати под земја, отстранети се старите бандери, кои ја нарушуваа сликата и движењето по улицата „Никола Тримпаре“, која е на значајно место, меѓу основното училиште „Ј.Х.Песталоци“ и матичниот објект на градинката „13-ти Ноември“.ул. Никола Тримпаре (1)

Сега е овозможено безбедно движење по улиците, а косините на тротоарите овозможуваат пристап на лица со посебни потреби, инвалидски колички и велосипеди.ул. Никола Тримпаре (3)

И овој проект е дел од акцијата на општина Центар „Нова пролет, нова офанзива!“. Во овој дел на Центар, наредна улица која комплетно ќе се реконструира е „Апостол Гусларот“.

Испрати коментар

Scroll To Top