Од следната учебна година учениците во подрачното основно училиште во прилепското село Беровци наставата ќе ја следат во целосна реновирана училишна зграда.
За таа цел во Локалната самоуправа во Прилеп се потпиша Меморандум за соработка помеѓу „УСАИД“, Локалната самоуправа и Основното училиште „Круме Волнароски“ за реализација на проект за целосна реконструкција на подрачното осново училиште во селото Беровци. Со овој проект ќе се направи целосна реконструкција на основното училиште, конкретно со повеќе од 2,5 милиони денари, при што е предвидено да се замени кровот, подот, санитарии, електрика, ѕидови, школски инвентар и слично. Половина од планираните средства ги обезбеди „УСАИД“, а половината се од Локалната самоуправа Прилеп.
Моментално во ова училиште учат 25 ученици, но за одбележување е што од година во година бројот на ученици во ова училиште се зголемува. Со ова реновирање ќе бидат реконструирани сите девет училишни згради, односно осумте подрачни училишта кои се во рамките на ова основно училиште.