Насловна / Вести / Целодневни и исцрпувачки рестрикции на вода во Тетово

Целодневни и исцрпувачки рестрикции на вода во Тетово

cesma-1

По најавата од општината дека поради недостиг на вода во градот ќе се воведат рестрикции, беа објевени и интервалите во кои граѓаните на Тетово ќе останат без вода.

И покрај тоа, од ден на ден, рестрикциите стануваат се поголеми и подолготрајни, па во прашање се доведуваат и основните потреби на граѓаните, нема доволно вода за пиење, за готвење, за тоалетите и слично. Имено, во текот на денот граѓаните на Тетово остануваат без вода во претпладневните часови и тоа најчесто од 10:00 до 12:00 часот, за да, после пуштањето на водата со минимален притисок, во интервалот од 14:00 до 20:30 градот да биде повторно под рестрикција. Ваквите долготрајни и исцрпувачки рестрикции видливо им пречат на граѓаните на Тетово и го попречуваат нормалното функционирање на граѓаните. Најлошото од се е тоа што овие интервали од рестрикцијата не се фиксни и се непредвидливи.

Рестрикции има и во текот на ноќта и тоа во интервалот од 2:00 до 4:30.

Зашто во програмата на секој кандидат за градоначалник на Тетово стои решавањето на овој проблем со водата?

Зашто до сега никој од нив не го решил?

Овие прашања веројатно ќе останат енигма за тетовчани.

Испрати коментар

Scroll To Top