За да заживее и за да се поттикне туризмот, малото село на Кампунг Пеланги во Индонезија доживеа целосна колоритна трансформација. Зад оваа идеја стои 54-годишниот учител Сламет Видодо, кој инспириран од слични потфати во други индонезиски градови, организирал акција на варосување на селото користејќи боја која севкупно чинела 300 милиони рупии (околу 20.000 евра).
Секоја куќа е варосана во најмалку три бои. Се што можело во селото да се вароса, вклучувајќи ги и покривите и клупите и мостовите, станало платно за живописни, колоритни мотиви. Вкупно се варосани 230 куќи, кои во целост ја измениле панорамата на селото.
Според локалната градежна асоцијација, оваа акција веќе почнала да се исплаќа, бидејќи рестораните и продавниците бележат поголем промет. Слична трансформација со бои презел и Буенос Аирес, односно пристаништето на Бока, коешто станало вистинска туристичка атракција.