Насловна / Вести / CBAM можно е да се прошири и на преработувачката индустрија

CBAM можно е да се прошири и на преработувачката индустрија

Европската комисија започна истражување меѓу засегнатите актери и другите заинтересирани страни за можноста за проширување на CBAM на следен сегмент од синџирите на снабдување. Таа мерка е дел од напорите за спречување на преселувањето на преработувачките капацитети – фабрики во земјите надвор од ЕУ во кои климатските политики се поблаги.Исто така, треба да обезбеди крајните потрошувачи да не се свртуваат по таквите увозни производи, со оглед дека ќе бидат поефтини без еквивалентна наплата на име емисии на гасови со ефект на стаклена градина.

CBAM ќе биде данок или царина на емисиите на јаглерод диоксид за цемент, железо и челик, алуминиум, ѓуброво, водород и електрична енергија од странство. Администрацијата во Брисел го воведува овој механизам со цел да ја заштоти својата економија од увоз од трети земји во кои емисијата на гасови со ефект на стаклена градина се наплатува помалку или пак воопшто не се наплатува. Воведувањето на механизмот е закажано за 01.01.2026. Во меѓувреме засегнатите компании имаат обврска да ги мерат и верификуваат количините на CO2 и да поднесуваат извештај.

 

Испрати коментар

Scroll To Top